Оглас
ОПШТИНА КУМАНОВО И ОПШТИНА СТАРО НАГОРИЧАНЕ објавуваат ОГЛАС
За одобрување на линии и возни редови за извршување на линиски превоз на патници помеѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане за период 5 години заедничко организирање на извршување на линиски превоз на патници помеѓу
Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане
и тоа на следните линии:
- КУМАНОВО – с.НИКУЉАНЕ – с.СТАРО НАГОРИЧАНЕ – с.СТРНОВАЦ (сезонска),
- КУМАНОВО – с.СТАРО НАГОРИЧАНЕ – с.ЧЕЛОПЕК – с.АЛГУЊА – ТАТАРИНОВАЦ,
- КУМАНОВО – с.СТАРО НАГОРИЧАНЕ – с.КОКИНО – с.АРБАНАШКО – с.ДЕЈЛОВЦЕ,
- КУМАНОВО – с.ДОВЕЗЕНЦЕ и
- КУМАНОВО – с.ВОЈНИК – с.БАЈЛОВЦЕ.Градоначалникот на Општина Куманово и Градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, согласно член 23 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РМ“ бр.68/04; 127/06; 114/09; 83/10; 140/10; 17/11; 53/11; 6/12; 23/13; 120/13; 163/13; 187/13; 42/14; 112/14; 166/14; 44/15; 97/15; 124/15; 129/15; 193/15; 37/16, 71/16, 64/18, 140/18 и 163/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.275/19 и 67/22), членовите 43, 44, 45, 46, 47 и 48 од Закон за јавните претпријатија („Службен весник на РМ“ бр.38/96; 9/97; 6/02; 40/03; 49/06; 22/07; 83/09; 97/10; 6/12; 119/13; 41/14; 138/14; 25/15; 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на РСМ“ бр.275/19 и 89/22), како и врз основа на член 17 од Спогодбата за утврдување на заедничко организирање на извршување на линиски превоз на патници помеѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане (бр.03-3738/6 од 13.11.2013 година и бр.08-598/4 од 18.11.2013 година, Анекс 1, бр.03-337/1 од 15.01.2014 год. и бр.03-44/1 од 16.01.2014 год., Анекс 2 бр.03-1201/1 од 29.01.2016 година и бр.03-115 од 29.01.2016 година, Анекс 3 бр.03-8083/1 од 20.10.2016 год. и бр.03-1160 од 21.10.2016 год., Анекс бр.4 бр.03-2271/1 од 13.02.2017 година и бр.09-128 од 13.02.2017 година, Анекс бр.5 Уп1 03-5695 од 22.11.2017 година и бр.09-1008 од 22.11.2017 год. и Анекс бр.6 бр.03-2271/6 од 07.12.2017 и бр.09-1069 од 06.12.2017 година), објавуваат Оглас за одобрување на линии и возни редови за извршување на линиски превоз на патници помеѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане за периодот 5 години од целосно завршување на постапката за истиот.
Право на учество на огласот имаат сите заинтересирани превозници.
Барањето за одобрување на возен ред се поднесува до Комисија за разгледување на барања за одобрување на возни редови за линии утврдени со Спогодбата за утврдување на заедничко организирање на извршување на линиски превоз на патници помеѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане при Општината Куманово или при Општината Старо Нагоричане, најдоцна 15 дена до денот на објавувањето на огласот, односно до 26.07.2024 год. до 12 часот, во затворен плик, препорачано по пошта или со потврден прием во архивите на Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане.
Барањето треба да ги содржи следните податоци:
- Полн назив, седиште и адреса на превозникот според Централен регистар;
- Матичен и даночен број на превозникот;
- Назначување на линијата на која превозникот бара да учествува во реализацијата на единствениот возен ред;
- Докази за исполнување на погоре наведените услови (во оригинал или копија заверана на нотар);
- Телефон за контакт
Барањето треба да биде потпишано од законски застапник на превозникот.
Услови кои треба да ги исполни превозникот за одобрување на возните редови и линиите се:
- Да има капацитет – доволен број на автобуси и комби возила (најмалку 18+1 седиште) потребни за вршење на превоз на патници за линија за којашто поднесува понуда, со минимум ЕУРО 2 еколошки стандард;
- Доказ дека е впишан во Централниот регистар со регистрирано седиште на територија на Република Северна Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра вршење на превоз на патници во патниот сообраќај, не постар од 6 месеци;
- Копие од Лиценца за општински линиски превоз на патници;
- Копие од извод од лиценца за општински линиски превоз на патници за секое возило;
- Копии од сообраќајни дозволи на возилата регистрирани на име на фирмата заверени на нотар, или копија од договор за лизинг заверен на нотар со список на возилата регистрирани пред отварање на понудата;
- Копии од возачки дозволи;
- Да има вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила минимум еден возач по возило (автобуси и комби возила);
- Тековна состојба не постара од 6 месеци;
- Потврда дека жиро сметката не е блокирана;
- Потврда дека не е во стечај;
- Потврда дека не е во ликвидација;
- Потврда дека не е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност;
- Потврда дека не е изречена прекршочна санкција привремена забрана за вршење одделна дејност;
- Потврда од Фондот на ПИОМ за платени придонеси не постари од 60 дена;
- Потврда дека не е впишана споредна казна одземање на дозвола;
- Потврда за платени придонеси и други давачки (УЈП);
- Копии од обрасците М1/М2 и список на возачи за секое возило пријавени пред отварање на понудата и список на вработени по обврзник од Фондот на ПИОМ не постар од 60 дена;
- Потврда за исполнетост на посебните техничко-експлоатациони услови за моторните возила наменети за вршење на Општински линиски превоз на патници, издадена од станиците за технички преглед на моторните возила.
За секоја линија се поднесува поединечна понуда.
При распределбата на линиите , предност ќе има превозникот кој :
1.Поседува возила кои ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови,
2.Повеќе возила за одржување на возните редови.
Начин на евалуација на пристигнати барања се врши според следната табела:
Критериуми | Бодови |
|
40 |
|
60 |
Вкупно: | 100 |
Доставените барања за вршење на линиски превоз на патници ќе се оценуваат на следниот начин:
Број | Елементи | Критериуми за евалуација | Вкупно бодови |
Еколошки стандард за возило | ЕУРО 2 – 25,
ЕУРО 3 – 30, ЕУРО 4 – 35, ЕУРО 5 – 40 |
40 | |
Број на возила | За линијата за која аплицира:
едно возило – 40, две или повеќе возила – 60 |
60 |
Вредносен поен за број на поаѓања се утврдува за секоја линија поединечно.
Барањата за одобрување на возните редови за наведените линии ги разгледува комисијата формирана од страна на градоначалникот на Општина Куманово и градоначалникот на Општина Старо Нагоричане.
Барањата поднесени по истекот на рокот и барањата кон кои не се приложени сите докази пропишани со огласот нема да бидат разгледувани и комисијата ќе ги отфрли како неосновани.
Во случај на поднесени две или повеќе барања со ист број на поени, ќе биде избран понудувачот кој прв поднел барање по објавениот оглас.
За комплетните барања поднесени во рокот, комисијата изготвува предлог листа на одобрени односно одбиени барања кои ги доставува на градоначалниците на општините на одобрување.
За подетални информации, заинтересираните превозници можат да се обратат до Комисија за разгледување на барања за одобрување на возни редови за линии утврдени со Спогодбата за утврдување на заедничко организирање на извршување на линиски превоз на патници помеѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане при Општината Куманово или при Општината Старо Нагоричане.
Градоначалник Заменик Градоначалник
на Општина Куманово на Општина Старо Нагоричане
Максим Димитриевски Бобан Цветановски