Градоначалникот Димитриевски се сретна со членови на ФК “Башкими 1947” – Куманово
Постигнатиот успех на кумановскиот фудбалски клуб, беше повод за денешната средба на градоначалникот на Општина Куманово, со претставници од ФК “Башкими 1947” – Куманово. Фудбалерите на ФК “Башкими 1947” од Трета лига Север се преселија во второлигашкото семејство, односно во Втората македонска фудбалска лига. Димитриевски упати честитки до претседателот на клубот, Арменд Дестани, голманот Лука Стојковски и капитенот Мергим Љутфиу, им посака успех во наредната натпреварувачка сезона, потенцирајќи ја поддршката на Општината.