Отворено детско катче во Куманово
Проектот “Детско катче во Општина Куманово” e овозможен со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД, во партнерство со Центар за ромска заедница “ДРОМ”- Куманово, повеќе деловни субјекти и со поддршка на жителите на градот.
Програмата на УСАИД за развој на заедницата е имплементирана од Мрежата за рурален развој на РС Македонија, во партнерство со ЛАГ Абер 2015, како и проектот на УСАИД, заедно со просперитетната заедница, имплементирана од Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико.
На денешното отворање на детско катче, присуствуваше Секретарот на Општината, Александар Гелевски.