Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Пикник у Пелинце” – традиционален музички настан

Забава во природа, дружење и спортски активности со музичка позадина, се главни одлики на традиционалниот дводневен настан, кој се одржа викендов (15 и 16 јуни 2024 год.), во меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
На локацијата беа поставени две сцени со музички работилници (DJ Main Stage и Rising Stage), со поддршка на Europe House.
Посетителите имаа можност да се рекреираат во спортски катчиња, каде беа поставени маси за пинг понг, фрлање топка и разни друштвени игри.
Манифестацијата Пикник у Пелинцее во организација на здружението за уметност и култура – Мјузик конектинг ПИПЛ.
На настанот присуствуваа и претставници од општинската администрација.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст