Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Планинарска инфраструктура основа за туризам и здрави навики” – проект

Основна цел на проектот е развој на Општина Куманово, со атрактивна туристичка понуда, во областа на адреналински /рурален туризам.
Целна група на проектните активности беа ученици од основни и средни училишта, студенти и граѓани кои имаат интерес за спортски активности во природни услови. Проектот се реализираше од страна на ЗПЗП Козјак 2013 Куманово.

Во рамки на проектот беа реализирани следниве активности:
– Валоризација на природните богатства во Општина Куманово (скенирање на терен, изготвување на микро урбанистички план, маркирање на патеки…),
– Изработка и поставување на инфо табли на приоритетни локации,
– Монтирање на хоризонтална карпа за искачување,
– Еколошка акција – пошумување,
– Организирање на планинарски тури,
– Обуки и промоција на планинарење и спортско качување на карпи,
– Промоција…
Проектот е реализиран преку Програмата (ReLOaD2), финансиран од ЕУ, спроведуван од УНДП и Општина Куманово, согласно Програмата на Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР, при Општината.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст