“Почеток на сонот” – изложба на уметнички дела
Љубителите на уметноста, имаа можност да присуствуваат на првата самостојна изложба, насловена “Почеток на сонот”, од авторот Никола Васиљевски, вечерва во Занаетчиски дом, Куманово.
На ретроспективната изложба беа претставени 25 дела, со техника акрил на платно, 10 принта (бидејќи се подарени во институции, некои и во странство) и една скулптура – минијатура, мозаик црква од каменчиња.
Ова е прва самостојна изложба на талентираниот гимназијалец, кој освен со ликовната уметност се занимава и со музичка уметност.
Изложбата е реализирана со поддршка на Фондацијата за култура и спорт – Куманово.