Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Повик за учество во еколошката акција – Генералка викенд

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Традиционалната најмасовна еколошка акција во РС Македонија, по четврти пат, ќе се изведе на 17 мај, (петок) со почеток во 10 часот, на локалитетот Спомен костурница, Куманово.
Во акцијата Генералка викенд учествуваат поголем број општини од земјава.
Претставници од Одделението за животна средина при Општината, во соработка со организацијата Man and mountagne LLC – Австрија и поддршка од ЈП Чистота и зеленило – Куманово, упатуваат покана до граѓански здруженија, невладини организации, основни и средни општински училишта и институции за учество во акцијата, да дадат свој придонес за почиста и поздрава околина.
Партнери на овој проект се Пакомак, Пивара Скопје, ЕВН, Нула отпад, Црвен крст, Бимилк, Макстил и други компании и институции од општините кои се опфатени со оваа еколошка акција.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст