Претставници од Општина Куманово учествуваа на меѓународен саем во Приштина
Општина Куманово учествуваше на дводневниот Меѓународен саем за туризам и спорт во Приштина, Република Косово.
На дваесетото издание на овој интернационален саем, претставниците од Општината имаа свое излагање и штанд и беа единствени учесници од Македонија, во друштво на земјите од регионот, Албанија, Бугарија и Косово.
На свеченото отворање присуствуваше и Амбасадорка на РС Македонија во Р Косово, Н.Е. Шпреса Јусуфи.