Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Прием на францускиот амбасадор во Општина Куманово

Денешната прва официјална посета на францускиот амбасадор во РСМ, Н.Е. Сирил Бомгартнер, со градоначалникот Максим Димитриевски, помина во пригодна атмосфера. На средбата беа потенцирани пријателските односи меѓу двете држави. За македонскиот народ е значајна поддршката од западните големи сили, затоа беше изразена досегашната позитивна соработка која може да се подигне на повисоко ниво. По средбата во Општина Куманово, градоначалникот со претставници од француската Амбасада во РСМ, го посетија СОУ Гимназија “Гоце Делчев” – Куманово. Заминаа во “ретро” модели на француските возила Пежо и Ситроен, традиционално дефиле организирано во рамки на годишното одбележување на Денот на Пежо 404. Отворениот ден и патрониот празник на Гимназијата, беа повод за средба  со ученици и наставници од билингвалните паралелки, кои следат предметна настава на француски јазик.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст