Пригодно одбележан 4 Мај во чест на великаните Гоце Делчев и Јосип Броз Тито
Денеска се одбележуваат 120 години од смртта на великанот, идеолог, учител и учесник во македонското револуционерно движење Гоце Делчев. По тој повод пред бистата во дворот на Гимназијата, цвеќе положија делегации од Општина Куманово, предводени од градоначалникот Максим Димитриевски и претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска.
Свечена манифестација во чест на патронот на училиштето, се одржа во гимназиската сала, со настап на учениците и нивните наставници. Пред многубројните гости беше прикажан краткометражен комичен мјузикл “Сите за слобода – слободен е некој?”, музички точки во изведба на оркестарот Симфониум и пригодни културно – уметнички содржини.
Претходно,истите делегации положија цвеќе пред спомен обележјето на Јосип Броз Тито, на градскиот плоштад во Куманово.