Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Проект “Зголемување на туристичкиот потенцијал во Ќустендил и Куманово преку модерна визија на регионите”

Општина Куманово во соработка со Општина Ќустендил го имплементира проектот „Зголемување на туристичкиот потенцијал во Ќустендил и Куманово преку модерна визија на регионите“, финансиран преку Програмата за прекугранична соработка INTERREG IPA.
Проектот има за цел да ја подобри туристичката понуда и да развие конкурентност во прекуграничната туристичка дестинација Ќустендил – Куманово.

Во рамки на проектот во периодот од 22.08.2023 – 24.08.2023 беше реализирана тридневна Инфо тура во Североисточниот плански регион, во која учествуваа 25 учесници од Р. Бугарија и 25 учесници од Македонија.
Целта на оваа Инфо турата е активна промоција на богатиот туристички потенцијал на Североисточниот плански регион и да се обезбедат потребните предуслови за зголемување на туристичкиот проток во регионот.

Целна група беа претставници на туристички агенции, новинари и сите заинтересирани страни кои можат да се вклучат во промоција на туризмот во прекуграничниот регион
Учесниците ги посетија културно – историските знаменитости во Куманово, Кратово, Крива Паланка, Липково и Старо Нагоричане.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст