Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Проектот за прекугранична соработка ги отвора вратите на иновативниот туризам меѓу Куманово и Ќустендил

Општина Куманово во партнерство со Општина Ќустендил, по програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, го имплементира проектот “Подобрување на туристичкиот потенцијал во Ќустендил и Куманово преку модерна визија за регионите” број CB006.2.22.128

Проектот започна на 22.09.2022 со траење од 12 месеци.

Вредноста на ЕУ ко-финансирање на проектот изнесува 83.199.84 евра. Вредноста на ко-финансирање од страна на Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија изнесува 14.682,34 евра.

Главните активности вклучуваат:

  1. Систематизација и структурирање на туристичката база во прекуграничниот регион Ќустендил – Куманово – структурната база на податоци е дизајнирана да обезбеди одржлива конкурентност на регионот Ќустендил-Куманово како туристичка дестинација, за поддршка на одржливиот развој на туристичката индустрија;
  2. Мапирање со визуелизација на просторните информации вклучени во создадената прекугранична туристичка база – воспоставеното туристичко мапирање на прекуграничниот регион ќе придонесе за обезбедување информации за туристичкиот сектор во прекуграничниот регион Ќустендил – Куманово;
  3. Создавање и визуелизација на заедничка прекугранична 3D интерактивна туристичка платформа – ќе ги презентира прекуграничните знаменитости на регионот на нестандарден начин;
  4. Изработка на прекуграничен маркетинг микс – ќе генерира и шири повеќе информации за различниот туристички потенцијал и снабдување во прекуграничниот регион Ќустендил – Куманово, со користење на ефективни современи средства и техники за постигнување на туристичките пазари;
  5. Организација на прекугранични инфо тури со тур-оператори на водечки агенции, туристички агенции и новинари;
  6. Организација на туристички форум “Прекуграничен идентитет и глобален туризам”;
  7. Информирање и публицитет;

За повеќе информации, Ве покануваме да го посетите Балкан Бордер Туризам.

Исто така, документот со маркетинг стратегијата која е срцето на овој проект, може да го преземете ТУКА,  а  луксузнит водич можете да го превземете ТУКА.

Заедно, Ќустендил и Куманово отвараат нова страница во прекуграничниот туризам, понудувајќи модерни и иновативни решенија за сите посетители и деловни субјекти во овој регион.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст