Прогласени најдобриот пожарникар и полицаец за 2023 година во Општина Куманово
Традиционално, денеска во Општина Куманово се одржа прием за најуспешните во своите професии, беа прогласени најдобриот пожарникар и полицаец за годината што изминува.
Најистакнат припадник од Територијалната противпожарна единица Куманово е Даниел Гелевски, а за најуспешен полициски службеник во Полициска станица од општа надлежност – СВР Куманово, беше прогласен Денис Бошковски.
Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, им додели пригодни награди на најистакнатите поединци и во име на Општината упати честитки, посакувајќи им успех и добро здравје во иднина.