Работен состанок во Општина Куманово со претставници од Проектот на УСАИД
Денеска во Општина Куманово, се одржа првиот работен состанок помеѓу претставници од општинската администрација, претседателката на Советот на Општината и претставници од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитети за искористување на ресурсите. Општина Куманово во наредниот период од 18 месеци, со поддршка од Проектот, ќе работи на јакнење на капацитети за унапредување на општинските јавни финансии, планирање и извршување буџет, транспарентност, планирање на приходи од сопствени извори и подобрување на пристап до нови извори за финансирање.