Соопштение за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2023 година
Согласно Програмата за социјална заштита на Општина Куманово за 2023 година, со субвенционирање на трошоци за комунални услуги се предвидени 450 корисници.
Со оглед на тоа дека бројот на предвидени корисници не е целосно исполнет, со ова Соопштение ги повикуваме сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат долунаведените критериуми да поднесат Барање за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2023 година.
Барањата ќе бидат земени предвид сѐ до исполнување на предвидениот број на корисници од Програмата.
Доколку бројката на поднесените Барања се надмине, приоритет ќе имаат подносителите кои први поднеле Барање.
Врз основа на член 3 од Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2023 година, бр. 09-10277/16 („Сл.гласник на Општина Куманово“ бр.16/22 ), право на субвенционирање на трошоци за комунални услуги ќе можат да остварат лица кои имаат статус на:
–Самохрани родители кои живеат на територија на Општина Куманово што подразбира родители кои сами ги извршуваат родителските права и должности за детето, поради тоа што другиот родител е непознат, починат, исчезнат или од оправдани причини привремено или трајно не ги извршува родителските права и должности (до 18– годишна возраст на детето или до 26– годишна возраст доколку се образува) ;
-Стечајни работници кои живеат на територија на Општина Куманово, а кои не стекнале право на материјално обезбедување согласно Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата;
-Згрижувачки семејства кои живеат на територија на Општина Куманово што подразбира згрижувачко семејство и 24- часовна грижа за деца и возрасни лица, кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопствено семејство;
-Деца без родители и родителска грижа кои живеат на територија на Општина Куманово- односно лице кое до 18- годишна возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа, односно по престанување на старателството, а најмногу до 26- годишна возраст доколку се образуваат;
– Надоместок заради попреченост – лица кои живеат на територија на Општина Куманово со навршени 26 години возраст, најдоцна до 65 години возраст, односно тешка или длабока интелектуална попреченост, најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице;
– Приматели на право на социјална сигурност за стари лица, односно лица со навршени 65 години возраст;
– Приматели на право на посебен додаток согласно Законот за детска заштита, во којашто категорија на лица спаѓаат деца со специфични потреби кои имаат пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години живот, односно: тешки, потешки и најтешки пречки во телесен развој; умерена, тешка или длабока ментална попреченост; најтешки облици на хронични заболувања; најтежок степен на оштетување на видот, слухот или говорот; Даунов синдром; повеќе видови на пречки (комбинирани) во развојот.
Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата самохрани родители
Кон Барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
– лична карта;
– телефонски број за контакт;
– сметка од ЈП „Водовод“- Куманово (не постара од 3 месеци);
– сметка од ЈП „Чистота и зеленило“- Куманово (не постара од 3 месеци);
– документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметка;
– извод од матична книга на умрени (доколку еден од родителите е починат);
– извод од матична книга на родени на барателот (не постар од 6 месеци);
– доказ за причината поради која другиот родител не ги извршува родителските права и должности од оправдани причини, привремено или трајно или е исчезнат;
– извод од матична книга на родени на детето/децата;
– потврда од работа, од АВРСМ ЦВ- Куманово, од ЈУМЦСР Куманово или чек од пензија (лична/семејна);
– потврда за редовен ученик/студент на детето/децата.
Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата стечајни работници
Кон Барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
– лична карта;
– телефонски број за контакт;
– сметка од ЈП ,,Водовод “-Куманово (не постара од 3 месеци);
– сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило “- Куманово (не постара од 3 месеци);
– документ кој ја докажува врската(односот) помеѓу барателот и носителот на сметка;
– потврда од АВРСМ ЦВ- Куманово за невработеност на барателот;
– доказ (решение) за утврдување на статус на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата.
Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата згрижувачки семејства
Кон Барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
– лична карта;
-извод од матична книга на родени на детето/децата
– телефонски број за контакт;
– сметка од ЈП ,,Водовод “- Куманово (не постара од 3 месеци);
– сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило “- Куманово (не постара од 3 месеци);
– документ кој ја докажува врската(односот) помеѓу барателот и носителот на сметка;
– решение издадено од ЈУМЦСР Куманово коешто докажува дека лицето е згрижувач
-потврда за редовен ученик/студент.
Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата лица кои до 18- годишна возраст имале статус на дете без родители и без родителска грижа, односно по престанување на старателство, а најмногу до 26- годишна возраст доколку се образуваат
Кон Барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
– лична карта;
– телефонски број за контакт;
– сметка од ЈП ,,Водовод “- Куманово (не постара од 3 месеци);
– сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило “- Куманово (не постара од 3 месеци);
– документ кој ја докажува врската(односот) помеѓу барателот и носителот на сметка;
– потврда од АВРСМ ЦВ- Куманово, потврда од ЈУМЦСР Куманово;
– доказ за материјалната состојба- чек од пензија (лична/семејна);
– извод од матична книга на умрени;
– решение од ЈУМЦСР доколку лицето е малолетно односно под старателство;
– потврда за редовен ученик/студент.
Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата лица – приматели на на право на социјална сигурност за стари лица (социјална пензија)
– лична карта;
– телефонски број за контакт;
– сметка од ЈП ,,Водовод “- Куманово (не постара од 3 месеци);
– сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило “- Куманово (не постара од 3 месеци);
– документ кој ја докажува врската(односот) помеѓу барателот и носителот на сметка;
– решение издадено од надлежниот Центар за социјална работа, којшто докажува дека лицето користи право на социјална сигурност за стари лица.
Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата лица- приматели на надоместок заради попреченост (тешка или длабока интелектуална попреченост, најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице)
Кон Барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
– лична карта;
– телефонски број за контакт;
– сметка од ЈП ,,Водовод “- Куманово (не постара од 3 месеци);
– сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило “- Куманово (не постара од 3 месеци);
– документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметка;
– документ од конзилијарно мислење од првостепена комисија од соодветна терцијална здравствена установа или решение за надоместок за попреченост од Центар за социјална работа.
Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата лица – деца со специфични потреби кои имаат пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години живот (тешки, потешки и најтешки пречки во развојот; умерена, тешка или длабока ментална попреченост; најтешки облици на хронични заболувања; најтежок степен на оштетување на видот, слухот или говорот; Даунов синдром; повеќе видови на пречки (комбинирани) во развојот)
Кон Барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
– лична карта на родител/старател;
– телефонски број за контакт;
– сметка од ЈП ,,Водовод “- Куманово (не постара од 3 месеци);
– сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило “- Куманово (не постара од 3 месеци);
– документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметка;
– решение издадено од ЈУМЦСР Куманово, којшто докажува дека лицето е примател на правото на посебен додаток согласно наведената категорија.
БАРАЊА:
БАРАЊЕ за субвенционирање на деца без родители и родителска грижа
БАРАЊЕ за субвенционирање на деца со специфични потреби до 26 години живот
БАРАЊЕ за субвенционирање- категорија на згрижувачки семејства
БАРАЊЕ за субвенционирање на категорија право на социјална сигурност за стари лица
БАРАЊЕ за субвенционирање-категорија на самохрани родители
БАРАЊЕ за субвенционирање-категорија на Стечајни работници
Барањата исто така можат да се подигнат во зградата на поранешен АД „Козјак“ спроти градскиот стадион (Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита).
Барањата со потребна документација се доставуваат до архива на Општина Куманово од 05.06.2023 до 20.06.2023 година.
БАРАЊАТА КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА ГИ ПОПОЛНУВА РОДИТЕЛ/СТАРАТЕЛ КАКО ПОДНОСИТЕЛ НА БАРАЊЕ.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ МОЖЕТЕ ДА ДОБИЕТЕ НА ТЕЛЕФОН 075/323-569 ОД 0800 до 1600 часот.
Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита.