Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица – корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) за 2023 година

Со оглед на тоа дека бројот на предвидени корисници во Програмата за социјална заштита на Општина Куманово за 2023 година, за категоријата материјално и станбено необезбедени лица- корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) не е целосно исполнет, со ова Соопштение ги повикуваме сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат долунаведените критериуми да поднесат Барање за обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица-корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) за 2023 година. Барањата ќе бидат земени предвид сѐ до исполнување на предвидениот број на корисници од Програмата.

Доколку бројката на поднесените Барања се надмине, приоритет ќе имаат подносителите кои први поднеле Барање.

Врз основа на член 3 од Одлуката за обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица- корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) за 2023 година, бр.09-10277/17 („Сл.гласник на Општина Куманово“ бр.16/22 ) право на субвенционирање на трошоци за комунални услуги и трошоци за кирија ќе можат да остварат лица кои имаат статус на:

  • Корисници на гарантирана минимална помош (ГМП), материјално и станбено необезбедени лица кои живеат на територија на Општина Куманово (лица кои живеат под кирија).

 

Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги

Кон Барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:

-лична карта ;

-сметка од ЈП „Водовод“ -Куманово (не постара од 3 месеци);

-сметка од ЈП „Чистота и зеленило“-Куманово (не постара од 3 месеци);

-документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметка;

-решение издадено од ЈУМЦСР Куманово којшто докажува дека лицето користи право на гарантирана минимална помош;

-договор за наем на стан/куќа;   

      -телефонски број за контакт.

    

 

Потребни документи за субвенционирање на трошоци за кирија

Кон Барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:

-лична карта ;

-решение издадено од ЈУМЦСР Куманово којшто докажува дека лицето користи право на гарантирана минимална помош;

-договор за наем на стан/куќа;                                       

– активна трансакциска сметка;

-телефонски број за контакт.

 

Подносителите пополнуваат две Барања за двете наведени субвенции.

 

БАРАЊА :

БАРАЊЕ  за субвенционирање на категорија лица корисници на гарантирана минимална помош (ГМП)

БАРАЊЕ  за субвенционирање на трошоци за кирија корисници на гарантирана минимална помош

 

Барањата исто така можат да се подигнат на портирница во зградата на  поранешен АД „Козјак“ спроти градскиот стадион (Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита).

Барањата со потребна документација се доставуваат до архива на Општина Куманово од 05.06.2023 до  20.06.2023 година.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ МОЖЕТЕ ДА ДОБИЕТЕ НА ТЕЛЕФОН   075/323-569   ОД  0800   до 1 600    часот .

 

Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и зравствена заштита.                                                                                                                                                                                                                          

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст