Советувалиште за жртвите на семејно насилство доби финансиска поддршка од општина Куманово
Советувалиштето за жртви на семејно насилство на хуманитарното здружение „Мајка“ од Куманово ќе добие 600.000 денари за наредните две години. Средствата се обезбедени од Програмата за еднакви можности на мажите и жените со акциски план за 2023-2025 година.Советувалиштето започна да работи пред една година, а е отворено во рамките на проектот „Комфор зона за жени“, со грант од програмата на УНДП, а со одредени средства е поддржано и од јавниот оглас за развој на социјални услуги. Во него се ангажирани правник, психолог, кариерен советник и социјален работник. Улогата на ова советувалиште е да ги пронајде и прифати жртвите на семејно насилство за да ги упати низ институциите, за полесно решавање на нивниот проблем.