Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Спортски настани во Куманово по повод 11 октомври

Во чест на 11 октомври, Ден на народното востание и Ден на борецот во организација на Општински сојуз на спортови, а под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово, ќе се одржат повеќе спортски активности.

На 11.10.2023 година ќе имате можност да ги проследите следниве спортски настани:

  1. 1. Турнир во пинг понг за млади надежи во организација на ОССК и ППК Куманово, во спортската сала на СОУ- Гимназија “Гоце Делчев”, со почеток во 10.30 часот.
  2. 2. Меѓународен атлетски митинг во организација на ОССК и АК Куманово, на атлетската патека во Соколана, со почеток во 10.30 часот.
  3. 3. Старт на велосипедска трка “Трофеј 11 октомври” во организација на ОССК и ВК Вело М, на булевар “Октомвриска револуција” (пред спортска сала), во 12.30 часот.
  4. 4. Аикидо семинар во организација на Аикидо клуб Агатсу и ОССК во просториите на клубот, со почеток во 19.00 часот.
  5. 5. Турнир во ракомет во организација на ОССК и МРК Куманово, во спортската сала на СОУ “Перо Наков”, со почеток во 11.00 часот.
  6. 6. На 15.10.2023 година ќе се одржи меѓународен куп 11 октомври во спортско риболовство во организација на ЗСРРК Пчиња и ОССК, на езерото Гого монд со почеток во 08.00 часот.
Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст