“Спознај ја природата, сочувај го животот” – Еразмус+ проект
Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот на Сектор за образование, Александар Јовановиќ, денеска остварија средба со учесници од Еразмус+ проектот.
Учениците и наставниците од ООУ “Кочо Рацин” – Куманово, се домаќини на нивните врсници од основното училиште “Алберто Сампаијо” – Брага, Португалија, во следните шест дена, во рамки на Еразмус+ КА122 проектот.
Едукативни предавања и практична настава на тема еко систем, био диверзитет и грижа за животната средина, ќе се одвиваат преку работилници во училиштето и во рекреативниот центар Маврово, во соработка со Македонското еколошко друштво и Националниот парк Маврово.
Проектот е резултат на успешна соработка меѓу двете училишта, која започнала со активности пред две години и продолжила да се развива и надополнува со нови идеи и планови од областа на екологијата.