Спроведена еколошка акција во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на животната средина
Со акција за чистење на локалитетот Спомен Костурница, денеска беше одбележан Интернационалниот ден на животна средина – 5 јуни.
Еколошката акција е во организација на Одделението за заштита на животна средина и природата при Општина Куманово, во соработка со Канцеларијата за млади, здружението “Кумановски акцијаши”, со поддршка на ЈП “Чистота и зеленило” – Куманово.
Акцијата за чистење е дел од проектот “Куманово, мој зелен дом”, кој се спроведува во повеќе етапи на разни локации низ градот и околината.