Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Стратегија за Роми на општина Куманово за периодот 2023 – 2030

Стратегијата за Роми на општина Куманово за периодот 2023 – 2030 г.“ е изработена како документ кој ја отсликува намерата на oпштина Куманово за изедначување на степенот на вклученост и интеграција на сите етнички заедници кои во неа заеднички живеат, во современите општествотени текови.

При тоа, општина Куманово се води од желбата за подобрување на квалитетот на живот кај сите  граѓани, но и од нејзините аспирации за интеграција и вклучување во актуелните европски иницијативи за социјална вклученост.

Тоа би значело и заокружување на стремежот пред кој сме исправени во насока на изградба на  кохезивно општество кое се стреми кон континуиран економски и севкупен одржлив развој. Општина Куманово сака да развие општество во кое граѓаните независно на која етничка заедница и припаѓаат се чувствуваат безбедни и имаат еднакви можности за личен развој и напредок. Општество кое интегрира, а не сегрегира. Oпштество кое давајќи им еднакви права и можности на сите, вклучува, а не исклучува.

За да ги постигне овие високи цели, општина Куманово ги презеде обврските во врска со потребата од усогласувањето на своите политики со државните закони за кои постои потреба да бидат во согласност со законските регулативи и одреден број на политики на ЕУ.

Во документот се опфатени пет области кои претсавуваат особен интерес за Ромите, во кои е препознаена потреба од итно делување. Тоа се: oбразование, здравство, домување,вработувањето и култура.

     

Ги информираме граѓаните дека  “Стратегијата за Роми на општина Куманово за периодот 2023 – 2030 година“ ја има во драфт верзија подолу во објавата.  Доколку имате ваши предлози, измени и допуни испратете ги на контакт лице од општина Куманово: Ахмет Јашаровки (++389 70541 535) [email protected]; [email protected]. Со тоа ќе дадете придонес кон подобрување на стартешкиот документ на општина Куманово

ДРАФТ ВЕРЗИЈА НА СТРАТЕГИЈА ЗА РОМИ на Општина Куманово 2023 – 2030 (Превземете ТУКА)

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст