Свечена прослава во чест на Рамазан Бајрам во СОУ Гимназија “Сами Фрашери” – Куманово
Во организација на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво -ОСПДП, денеска во СОУ Гимназија “Сами Фрашери” – Куманово, свечено беше одбележан големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На традиционалната празнична манифестација, присуствуваа претставници од институции, општински училишта и граѓански здруженија.
Од име на Општина Куманово присуствуваа секретарот Александар Гелевски, претседателката Ивана Ѓорѓиевска и членови на Советот на Општината и претставници од општинската администрација.