Свечена седница во чест на празникот 11 Ноември
Градот под Козјак, гордо и достоинствено одбележува 504 години од своето постоење и 79 години од победата над антифашизмот.
Во чест на 11 Ноември, денеска беше одржана свечена академија во НУЦК Трајко Прокопиев – Куманово.
На манифестацијата, пред бројни делегации од странство, претставници на разни институции и гости, се обратија градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и членови на Советот, како претставници на разни етнички заедници.
За постигнувањата и резултатите на Општина Куманово во изминатиот едногодишен период, беше прикажана видео презентација.
Градоначалникот на Општината, заедно со претставничка на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, Мирјана Прокиќ Младеновиќ, доделија Ноемвриска награда на истакнати поединци и правни лица.
Димитриевски од свое лично име додели благодарници и плакети на поединци и правни лица, кои дале свој придонес во развој и прогрес на градот, во повеќе општествени сфери.
Свечениот настан беше проткаен со културно уметничка програма.