Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Свечено одбележан 24 Мај – Ден на словенските просветители Кирил и Методиј


Пригодна културно – уметничка манифестација во чест на солунските браќа, Кирил и Методиј, се одржа денеска, во Занаетчиски дом, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт и Општина Куманово.
Учествуваа ученици и наставници од општинските основни училишта.
Беше интерпретиран извадок од “Сведоштва за Кирил и Методиј”, хорот “Рацинови” од ООУ “Кочо Рацин” – Куманово настапи со химна за словенските просветители и со музичка изведба на стихови од познатата песна “Ленка” од Кочо Рацин.
Пред присутните беше прикажан и документарен филм за ликот и делото на браќата Кирил и Методиј.
Настанот го отвори претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска а пред присутните се обрати и раководителот на Сектор за образование, Александар Јовановиќ.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст