“Мојот град и околина низ објектив” – изложба на фотографии и рачни изработки
Во организација на Здружението на жени – “Коло на српските сестри”, со поддршка на Општина Куманово, денеска во Занаетчиски дом, се одржа завршната манифестација “Мојот град и околина низ објектив”.
Во проектот учествуваа пет општински основни училишта: ООУ “Магдалена Антова”, ООУ “Христијан Тодоровски Карпош”, ООУ “Толи Зордумис”, ООУ “Вук Караџиќ” и ООУ “11 Октомври”.
На изложбата, учениците на креативен начин, преку фотографии и рачни изработки, ги прикажаа убавините на градот и околината, истакнувајќи ги традиционалните вредности и карактеристики на своето опкружување.
На културно – уметничкиот настан присуствуваа претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, која имаше обраќање пред присутните и претставници од општинската администрација.