Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Свечено одбележан патрониот празник на ООУ “Вера Которка” – с. Клечовце

Со пригодна културно – уметничка програма, низ песна, игра и драмска кореографија, учениците и наставниците го одбележаа Денот на училиштето, кое го носи името на истакнатата македонска партизанка и учесничка во НОБ, Вера Которка. Во знак на почит и благодарност кон нејзиниот лик и дело, делегација од Општина Куманово, предводена од претседателката на Советот на Општината, положи свежо цвеќе пред бистата во дворот на училиштето.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст