Триесет и седма седница на Советот на општина Куманово
На 07 февруари 2024 година (среда) во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи триесет и седмата седница на Совет на општина Куманово по следниот
Дневен ред
- Предлог – Одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Куманово;
- Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за период од 01.10.2023 – 31.12.2023 година;
- Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2023 година;
- Извештај за реализација на Годишна програма за работа на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2023 година;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2024 година;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2024 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово за вработување на 7 (седум) работници на определено време по пат на јавен оглас;
- Извештај за стекнати и распределени средства во 2023 година од ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово;
- Извештај за реализирани активности во 2023 година на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР;
- Предлог – Програма на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР за 2024 година;
- Предлог – План за одржување на јавните патишта во Општина Куманово за 2024 година;
- Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2024 година;
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2024 година;
- Предлог – Одлука за доделување на основна главнина на Јавно претпријатие „Водовод“ – Куманово;
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за IV квартал од 2023 година;
- Буџетски календар;
- Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2024 година;
- Информација за работа на Сектор за инспекциски надзор – Инспекторат во Општина Куманово за период јули – декември 2023 година;
- Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2024 година;
- Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Куманово;
- Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за финансирање и Буџет на Советот на Општина Куманово;
- Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија на Советот на Општина Куманово;
- Предлог – Решение за измена на Решението за определување на членови на Советот на Општина Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово;
- Предлог – Одлука за разрешување на член на Управниот одбор на Заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад “ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК” Свети Николе;
- Предлог – Одлука за разрешување и именување на членови на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово;
- Предлог – Одлука за измена на Одлуката за именување на членови на Општински совет за социјална заштита на Општина Куманово.