Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Ученици од ООУ “Крсте Мисирков” учесници на Меѓународни спортски игри “Жогарија 2024” во Словенија

Денеска во просториите на општина Куманово претседателката на Совет на Општината и раководителот на Сектор за образование се сретнаа со ученици – спортисти од ООУ “Крсте Мисирков” – Куманово. Целта на денешната средба е нивното учество на Меѓународни спортски игри за ученици од одделенска настава “Жогарија 2024” во Блед – Словенија, кои ќе се одржат во период од 19 – 22 јуни. Како единствена екипа од општина Куманово и државата, ќе земат учество во следниве дисциплини: мешовит фудбал 3 x 3, игри на моторни вештини и женски фудбал (наставник и ученик), квиз на спортско знаење, како и потрага по скриено богатство (ориентација).

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст