Одбележана годишнина од победата над фашизмот
Оваа објава е достапна и на: Albanian
На покана на амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. Сергеј Баздникин, делегација од Општина Куманово, составена од секретарот Александар Гелевски и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, во знак на почит, денеска положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на паднатите борци на Антихитлеровата коалиција, во Скопје.
Пригодниот настан со кој се одбележаа 79 години од победата над фашизмот, беше во организација на Амбасадата на Русија во РС Македонија.