Започна учебната 2024/2025 година
Денеска се отворија училишните врати за основците и средношколците, означувајќи го стартот на новата учебна година.
Градоначалникот Максим Димитриевски, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот на Сектор за образование, Александар Јовановиќ, присуствуваа на пригоден културно – уметнички настан во ООУ “Кочо Рацин” – Куманово, каде им посакаа успех и безгрижни училишни денови на највозбудените, најмалите насмеани лица, првачињата и нивните родители.
Во општинските основни училишта, оваа година тргнаа 970 првачиња.