Жените и спортот – изложба на фотографии
Во пресрет на Летните олимписки игри и Параолимписки игри во Париз 2024 – ЛОИ, денеска во НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, се одржа културно – уметничка манифестација, посветена на жените спортистки.
Настанот го организираше Амбасада на Република Франција во РС Македонија, во соработка со Општина Куманово и Европска куќа – Крива Паланка.
Пред посетителите се обратија претставничката од француската Амбасада Ирене Кетоф и раководителот на Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР од Општината, Горан Митевски.
Во оваа прилика беа нагласени олимписките вредности: извонредност, почит и пријателство.
На олимписките игри за првпат адекватно ќе биде застапена родовата еднаквост, ќе учествуваат во ист број женски и машки спортисти.
Посетителите имаа можност да ја разгледаат изложбената поставка на Маја Аргакијева, која се претстави со омаж на фотографии од врвни спортистки од Македонија.
Манифестацијата со музичка интерпретација ја збогатија ученици од УОМО “Панче Пешев” – Куманово.