Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

,,Наследството на словенските просветители Св. Кирил и Методиј”

Во знак на одбележувањето на 24 Мај – Ден на словенските просветители Св.Кирил и Методиј, вечерва се одржа културно – уметничка манифестација во Занаетчиски дом, во организација на Фондацијата за култура и спорт -Куманово

Ученици и наставници од СОУ “Перо Наков”, ОСТУ “Наце Буѓони”, СОУ Гимназија “Гоце Делчев”, пред публиката се претставија со креативна изведба.
Пригодната програма беше составена од симулација на училиште од времето на просветителите, драматизација, изложба на рачни изработки и видео презентација – “Наследниците на Св. Кирил и Методиј”.
На настанот присуствуваа претставници од општинската администрација.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст