Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian


Биографија

Максим Димитриевски е роден на 29 нoември 1975 година во Куманово. Основно и средно образование завршува во родниот град, а дипломира на правниот факултет во Скопје. Во 2011 година изработува публикуван труд: „Вкупни даночни приходи и расходи во ЕЛС со осврт на Општина Куаманово„. Магистрира во 2021 гдина на тема ,,Улогата на локалната самоуправа во вонредна и кризна состојба, во услови на епидемија со осврт на општина Куманово”.
Има долгогодишно работно искуство како приватен стопанственик.

Димитриевски е семеен човек, сопруг и татко на три деца.
Политичката кариера ја започнува како млад активист на Социјал демокртаски Сојуз на Македонија.

Во 2008 година станува дел од Советот на Општина Куманово, а подоцна и претседател од 2012 до 2016 година. Политичката кариера ја продолжува како пратеник во Собрание на Република Македонија и претседател на комисија за одбрана и безбедност.

На локалните избори во октомври 2017 година станува градоначалник на Општина Куманово.

По завршување на првиот мандат, повторно победува на локалните избори како независен кандидат и станува градоначалник на Општина Куманово по втор пат во мандат 2022 – 2025.

Контакт емаил: gradonacalnik@kumanovo.gov.mk

Контакт телефон: 076 315 990


Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст