Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Промовиран документарниот филм за кумановската ракометна легенда Јасмина Голубовиќ

Вечерва во Занаетчиски дом се одржа промоција на документарниот филм за ракометната легенда Јасмина Голубовиќ, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово. За ликот и делото на Голубовиќ, школските денови, животот со семејството, за одличните настапи во ДТВ “Партизан”, за ангажманот како просветен работник, во рамките на документарниот филм говорат 20 познавачи на овие моменти од нејзиниот живот. Градоначалникот Димитриевски истакна дека ова е значаен печат на блескавата кариера на ракометарката Голубовиќ, која е една од заслужните за достоен развој на спортската дисциплина ракомет  во Куманово и пример на успешен спортист, кој треба да го следат новите генерации.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст