Одбележена 79 годишнина од доаѓањето на британската воена мисија при Кумановскиот партизански одред
Во организација на ЗАПВАРС (Здружение на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав на Куманово), беше организирана комеморативна посета и чествување пред куќата во с.Пелинце, место каде пристигнале членови на британската воена мисија на 15.11. 1943 год. која се придружила на партизанскиот одред во кумановско – козјачкиот регион.
Поддршката во оружје и логистика од страна на Британските сили била од големо значење за антифашистичкото движење во НОБ. Во знак на почит и благодарност, пред спомен – обележјето свежо цвеќе положија претставници од Општина Куманово и членови на Советот на Општината, кои беа дел од многубројните делегации од нашата држава.