Одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост во ООУ “Христијан Карпош”
Денеска во ООУ “Христијан Карпош”-Куманово се одржа настан во чест на
3 декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост. Присутните
имаа можност да проследат пригодна културно-уметничка програма, на
која учествуваа ученици од училиштето и гостите од НВО “Доза среќа” –
Скопје. Беше спроведена и работилница, на која учениците ја истакнаа
својата креативност. На настанот присуствуваше претседателката на Совет
на Општина Куманово.