Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот Димитриевски се сретна со членови на ФК “Башкими 1947” – Куманово

Постигнатиот успех на кумановскиот фудбалски клуб, беше повод за денешната средба на градоначалникот на Општина Куманово, со претставници од ФК Башкими 1947 – Куманово. Фудбалерите на ФК Башкими 1947 од Трета лига Север се преселија во второлигашкото семејство, односно во Втората македонска фудбалска лига. Димитриевски упати честитки до претседателот на клубот, Арменд Дестани, голманот Лука Стојковски и капитенот Мергим Љутфиу, им посака успех во наредната натпреварувачка сезона, потенцирајќи ја поддршката на Општината.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст