Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Рома труба фест 2023” на плоштад во Куманово

Дводневниот меѓународен фестивал на лимено – дувачки оркестри во организација на ансамбл “Рушит Шаќир” од Куманово, се одржува по осумнаесетти пат на сцената на кумановскиот плоштад.
Учествуваат девет оркестри од Македонија, Србија и Бугарија. На првата фестивалска вечер настапи балканската музичка звезда Адил Максутовиќ, кој е специјален гостин на музичкиот настан.
Манифестацијата е поддржана од Градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Министерството за култура на РС Македонија.
Дел од публиката беа и претставници од општинската администрација.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст