Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Меѓународна ликовна колонија „Куманово 2023“

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска во комплексот етно село „Тимчевски“ започна 49-та интернационална Ликовна колонија „Куманово 2023“. Традиционалната Колонија е во организација на уметничката галерија при НУ Музеј-Куманово и Фондација за култура и спорт Куманово, со поддршка на Министерството за култура и градоначалникот и Советот на општина Куманово. Оваа година учествуваат дванаесет академски ликовни уметници од РСМ, Србија, Босна и Херцеговина, Романија и Турција. Ликовните уметници ќе творат во повеќе ликовни техники, истакнувајќи ја својата умешност и креативност, а создадената продукција на дела ќе биде презентирана наредната недела.

Ликовната колонија „Куманово“ е формирана во 1974 година, како една од најстарите во нашата држава, а наредната година ќе одбележи пет децении успешно функционирање.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст