Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Свечен прием во Општина Куманово во чест на 11 Ноември

Градоначалникот Максим Димитриевски, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и секретарот Александар Гелевски, денеска остварија празнична средба со поранешни градоначалници и претседатели на Советот, со претставници од СВР Куманово, АРМ, Сојуз на борци, и претставници од Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав – ЗАПВАРС.
Куманово одбележува 79 години од ослободувањето и 504 години од своето постоење. Денешниот прием беше пригоден момент за рамена на искуства и идеи, со цел да се подобрат и унапредуваат условите за живот на граѓаните на Куманово, во сите општествени области.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст