Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Продолжува кампањата – “Учи паметно, работи стручно”!

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Социјален дијалог – дел од кампањата “Учи паметно, работи стручно”, се одржа денеска, во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, Куманово.
Настанот беше во организација на Секторот за образование при Општина Куманово (анализа и презентација) и средните општински училишта.
Целта на овој проект е креирање на квалификуван стручен кадар, кој ќе произлезе од дуалното образование и ќе одговори на потребите и барањата на производствениот процес.
Пред присутните, воведно обраќање имаше претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, потоа следуваше презентација на кампањата,  од страна на раководителот на Секторот за образование, Александар Јовановиќ.
Во дискусијата учествуваа претставници од Општината, од Министерството за образование и наука, раководни лица на компании од приватниот сектор, директори од  средните општински училишта и претставници од Стопанска комора на РС Македонија.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст