Делегација од Општина Куманово на саем во Призрен
На покана на Управата за туризам и економски развој од Општина Призрен, Република Косово, претставници од Општина Куманово, присуствуваа на отворањето на дводневниот Традиционален саем за храна (25 – 26 април 2024 г.). Делегацијата имаше работна средба со домаќинот на саемот, Рамадан Тарашај, директор на Управата за туризам и економски развој во Општина Призрен. Беше нагласена досегашната успешна соработка и комуникација меѓу општините, беа разменети искуства во областа на туризмот и економијата и беа разгледани можности за започнување на заеднички проекти, кои би биле од голема важност за граѓаните на двете соседни држави. Оваа посета се должи на остварените пријателски односи, на неодамна одржаниот Меѓународен саем за туризам и спорт во Приштина, каде Општина Куманово учествуваше со штанд и презентација.