Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Пригодно одбележан патрониот празник на СОУ Гимназија “Гоце Делчев” – Куманово

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Пригодно одбележан патрониот празник на СОУ Гимназија “Гоце Делчев” – Куманово

Во знак на спомен и почит кон ликот и делото на големиот револуционер, визионер и предводник на македонското национално движење, Гоце Делчев, бројни делегации од  институции и граѓански здруженија, денеска положија свежо цвеќе пред бистата во дворот на кумановската гимназија.
Во име на Општина Куманово почит оддадоа членови на Советот на Општината и претставници од општинската администрација, предводени од раководителот на Сектор за образование, Александар Јовановиќ.
На пригодната манифестација во чест на патрониот празник, на најуспешните ученици им беа доделени пофалници за постигнатите резултати во текот на учебната година.
Во училишната спортска сала беше организиран “отворен ден” со штандови, каде учениците низ активности и презентации, претставија дел од наставната програма пред посетителитe.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст