Работна средба во Младински центар – Куманово
Во рамки на Регионалната програма за локална декократија во Западен Балкан 2 -ReLOaD2, Општина Куманово и претставници од Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, организираа работна средба со млади, денеска во канцеларијата на Младински центар – Куманово.
Цел на оваа заедничка работилница е прибирање на предлози и идеи за идни проекти, за кои постојат услови за можна реализација. Отворено се дискутираше меѓу сите субјекти кои го спроведуваат овој проект во рамки на Програмата, а на завидно ниво беше и активното излагање на учесниците од младата популација.