Делегација од Општина Куманово на прием во чест на Денот на Русија
По повод државниот празник на Русија, Амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин, со сопругата Елена Баздникина, беа домаќини на свечениот прием во хотел Мериот, Скопје.
Од име на Општина Куманово, честитки по повод Денот на Русија упатија секретарот Александар Гелевски, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот Александар Крстевски.
Пред присутните со поздравен говор се обрати Амбасадорот на Руската Федерација во РС Македонија.