Детска ликовна колонија Пчиња 2024”
Традиционалната ликовна колонија, во организација на Хуманитарното здружение “Мајка” (08 – 11 јуни), започна во сабота, во Туристичко информативниот центар (поранешен задружен дом) во с.Пчиња.
На креативниот ликовен настан учествуваа ученици од: ООУ “Браќа Миладиновци” – Куманово – ПУ во с. Пчиња, ООУ “Вук Караџиќ” – Куманово, ООУ “Кирил и Методиј” – с. Романовце и ООУ “Христијан Карпош” – Куманово.
Децата имаа можност да творат и да се дружат во природа. На денешниот настан збогатен со културно – уметничка програма, на најуспешните ученици им беа доделени награди и благодарници.
Манифестацијата е поддржана од Општина Куманово, како дел од Програмата за културни манифестации 2024 година.
На настанот присуствуваа членови на Советот на Општината.