Авионско прскање против возрасна форма на комарци
Се известуваат граѓаните на општина Куманово дека на ден 21.06.2023 година (среда), во раните утрински часови (од 05:00 до 08:00 часот) на територијата на Општината ќе се изврши авионско прскање против возрасна форма на комарци на површина од 1000 хектари: од кланица во Добрашане по течението на реката Кумановка па се до свињарска фарма во с.Речица; течение на реките Којнарка и Липковка до пругата во с.Бедиње, населба Долно Којнаре; град Куманово до заобиколниот пат кон населба Карпош до крајот на местото; Менкова колиба, Бабин дол и на потегот до кланица во Добрашане. Неопходно е пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.