Меморијален натпревар во спомен на фудбалската легенда Ванчо Ивановски – Старејко
Во чест на легендарниот фудбалер од кумановската спортска историја, Ванчо Ивановски – Старејко, денеска во спортската сала на СОУ Перо Наков – Куманово, се одигра пријателски натпревар во мал фудбал, помеѓу ветераните на ФК Куманово и ФК Работнички – Скопје.
Во ревијален дел настапија малите фудбалери “Петлиња”, од младинската школа за фудбал “Еуроспорт”од Куманово, кои пред публиката одиграа меѓусебен натпревар.
Од име на организаторите на овој спортски настан, ветераните на ФК Куманово, беа доделени плакети и благодарници за заслужните спортисти и поддржувачи на спортските турнири и активности кои ја негуваат спортската традиција на Куманово.
Настанот е поддржан од Општина Куманово.
Присуствуваа членови на Советот на Општината и претставници од општинската администрација.