Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Дезинсекција на повеќе локации на територија на општина Куманово

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Се известуваат граѓаните на општина Куаманово дека на ден 31.07.2023 со почеток во 05:00 часот ќе бидат извршени следниве третмани:

Третман против крлежи и црна бубашваба на локација улица „Октомвриска револуција„ (позади маркет „Стокомак„ и локација К4 згради)

Третман против црна бубашваба на локација на двата градски плоштада

Третман против крлежи на локација кошеви во населба  „Гоце Делчев“

На ден 01.08.2023 година со почеток во 00:00 часот ќе биде извршена адултицидна дезинсекција против возрасна форма на комарци. Третманот ќе се врши на тероторија на општина Куманово. Се препорачува на пчеларите да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Доколку временските услови не дозволат да се извршат третманите во наведените термини, истите ќе се одложат за наредниот ден

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст