Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Димитриевски: Нека ни е честит и вековит Илинден, за многу години АСНОМ!

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Почитувани сограѓани,
Денеска одбележуваме 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ, оддавајќи им почит на нашите претци, кои нѐ задолжија со своите херојски дела, поставувајќи ги темелите на современата македонска држава.
Одговорност на секој од нас е да ја чуваме татковината, да ја браниме Македонија во духот на македонскиот непокор, на слобода, демократија и општествени вредности. Да ја празнуваме македонската историја и да го негуваме македонскиот јазик како темел на нашиот идентитет.
До сите граѓани од православна вероисповед упатувам искрена честитка и за големиот верски празник, во чест на Св. Илија.
Нека ни е честит и вековит Илинден, за многу години АСНОМ!

Максим Димитриевски
Градоначалник на Општина Куманово

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст